Концептот на мултимедијален маус е познат одамна – на масата
функционира како обичен маус, но можете да го подигнете и да го
користите како далечински управувач за својот мултимедијален центар.
Logitech овој концепт го однел чекор подалеку, па така Logitech МX Air
поддржува mouse gestures – специфични движења во воздухот кои обавуваат
одредени функции.
Концептот на мултимедијален маус е познат одамна – на масата функционира како обичен маус, но можете да го подигнете и да го користите како далечински управувач за својот мултимедијален центар. Logitech овој концепт го однел чекор подалеку, па така Logitech МX Air поддржува mouse gestures – специфични движења во воздухот кои обавуваат одредени функции.
За да овозможи навигација во воздухот, новиот маус комбинира три важни технологии – Freespace контрола на движењето, наредба со движење и безжична технологија.
Freespace технологијата на контрола на движењата е осмислена така да овозможи прецизна навигација без оглед во која положба се држи маусот. Софистицираните алгоритми ги разликуваат намерните и ненамерните движења на раката па ефектно ги "бришат" случајните треперења на раката кои се неизбежни кога уредот се држи во воздух..
Наредбите кои се темелат на движењето дополнително го усовршуваат MX Air маусот. За да се промени тонот, потребно е само да се притисне копчето задолжено за звукт и со движење на раката десно за појачување или лево за намалување да се направи измената.
Наместо традиционалното лизгачко (scroll) тркалце MX Air има вградена трака чувствителна на допир. Со движење на прстот се активира механизмот кој ја прилагодува брзината зависно од брзината на двиожењето на прстот.
Кон медијските функции како што се play/pause, volume/mute, back/select може да се пристапи со притискање на палецот на големото портокалово осветлено копче.
Logitech MX Air во Европа и САД ќе биде достапен во август, а препорачаната цена е 149,99 евра. [MX Air™ Rechargeable Cordless Air Mouse]