Новиот закон за сообраќај предвиде можност возачот што ќе направи помал сообраќаен прекршок, како што се неврзан појас, зборување на мобилен телефон, „цик-цак“ преминување, возење без светла и слично, да одбере дали ќе плати мандатна казна, најмногу до 45 евра, или, пак, во возачката книшка да му бидат напишани негативни поени, и тоа најмногу 25 за еден прекршок. Глобата е установена како главна санкција за придонес на полиберален пристап кон полесни форми на казниви дела, а се укина казната затвор. Линк