Вонредно обраќање на Ковачевски: Ја имаме заштитата на НАТО, големите предизвици ќе бидат економски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска им се обрати на граѓаните, уверувајќи ги дека безбедносната ситуација на државата не е/нема да биде доведена во прашање, но истовремено предупредувајќи дека нѐ чекаат големи економски предизвици.

Во обраќањето, во кое Ковачевски најпрво го осуди нападот на Русија на Украина со порака дека во 21 век проблемите треба да се решаваат со дипломатија а не со војна, премиерот уверува дека нашата земја е безбедна. Истакна дека како земја членка на НАТО ја уживаме заштитата на најмоќниот воен сојуз во светот, а ситуацијата во Украина, посочи, ни покажа колку е тоа важно.

Истовремено, поради војната во Украина, нѐ очекува економски неизвесна година, предупреди Ковачевски. Како што рече тој, со најновите случувања се продлабочува глобалната енергетска и економска криза, што ќе резултира со покачување на цената на основните прехранбени производи и енергенсите. Сепак, уверува премиерот, Владата е подготвена за овие предизвици и, вели Ковачевски, како и досега ќе реагира соодветно, максимално одговорно и во интерес на граѓаните.

Прочитајте и:  Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Во тој контекст, Ковачевски ги повика сите институции во државата да работат максимално ефикасно и максимално одговорно да ги  трошат средствата.

- Реклама -