Volvo го навести S90

Volvo ги започна подготовките за промоцијата на новиот модел S90. Иако ја видовме формата на моделот на официјални макети, Швеѓаните се решија конечно да ги понудат првичните тизер фотографии.

На фотографијата се гледа сегмент од задниот дел на автомобилот, а и страничниот профил. Ништо во овој момент не изненадува во однос на дизајнот, а како што беше најавено ќе се вградуваат со T-форма предни светла и познатите по својата креација и задни.


Автомобилот ќе се базира на новата платформа SPA на производителот, а ќе се нуди само со 4-цилиндерски моторуи со работна зафатнина од најмногу 2.0 литри. Карванската верзија – V90 се очекува да излезе наскоро по седанот, a продажбата стартува од идното лето.

Автоплус

- Реклама -