Волстрит Џурнал: Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас

Вашингтон, 15 февруари 2022 (МИА) – Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина, објави Волстрит џурнал.

Според авторот на написот Даниел Јергин, растот на производството на нафта и гас во САД се претворил во геополитички и економски актив за земјата, што може да ги измести руските конкуренти од европскиот пазар.

„Додека индустријата за нафта и гас продолжува да закрепнува од пандемискиот колапс на цените во пролетта 2020 година, САД повторно се најголемиот светски производител на нафта – скоро 20% над своите два конкуренти – Саудиска Арабија и Русија – и најголемиот светски производител на природен гас“, вели Јергин.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Успехот на американската нафтена индустрија авторот директно го поврзува со ескалацијата на кризата во Украина.

„Денес нема сомнеж за геополитичкото значење на новата позиција на Америка во областа на нафтата и гасот. Кризата во Украина и енергетската криза во Европа го обликуваат глобалното влијание на американското производство на нафта и гас“, пишува Јергин.

Претходно во телефонски разговор британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден изјавија дека е неопходно да се намали зависноста на европските земји од рускиот гас.

- Реклама -