Володин предлага конфискација на имотот на Русите кои „ги дискредитираат руските вооружени сили“

Претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин, предложи да им се конфискува имотот на оние граѓани кои „ги дискредитираат руските вооружени сили“.

„Сегашните санкции, како што се паричните казни на луѓето кои ги критикуваат акциите на руските сили во Украина, не се доволни“, вели Володин.

Тој на „Телеграм“ информираше дека предлага да се воведат промени во рускиот кривичен законик врз основа на кои ќе биде неопходно да се конфискува имотот на луѓето кои ја напуштиле Русија и кои „го фалат нацизмот“, објавуваат „екстремистички идеи“ или „ги дискредитираат“ руските вооружени сили.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -