Volkswagen Group објави дека ќе укине нови од 5.000 до 7.000 работни места до 2023 година. Ова е дел од мерките за штедење во Volkswagen воведени поради финансирање и инвестиции во електрични и автономни возила, но и поради автоматизацијата т.е. роботизацијата на производството.
„Поради автоматизацијата и рутинските задачи, компанијата очекува меѓу 5.000 и 7.000 работни места да бидат укинати до 2023 година. Намалувањето на работната сила ќе биде спроведено така што нема да се заменуваат старите работници кои заминуваат во пензија“, стои во соопштението.
Ова намалување на работните места се надоврзува на веќе тековната програма на реструктурирање во компанијата, според која до 2020-та ќе се укинат 21.000 работни места низ светот. Притоа ќе се заштедат повеќе од 3 милијарди евра, додека Volkswagen ќе вложи уште над 19 милијарди, покрај 11-те милијарди евра најавени во ноември, во „нешта на иднината“, како воведување на електрични модели и автономни возила.
Во меѓувреме, планирани се нови работни места за развој на софтвер и електроника, а притоа и ќе се почитува договорот постигнат со германските синдикати, што значи дека до 2025 година ќе нема отпуштања.