Volkswagen веќе прифаќа нарачки за најекономичната верзија на новата генерација на Passat. Таа ќе добие додаток Bluemotion, а е опремен со 1,6-литарски дизел мотор.
Од германскиот производител се категорични дека Passat Bluemotion е не само најекономичната, но и најеколошката модификација на популарниот модел.
Таа се одликува со подобрена аеродинамика, вклучувајќи активна решетка на ладилникот.
Главниот „виновник“ за економичноста на возилото е дизел мотор TDI со зафатнина од 1,6 литри.
Неговата моќ е 120 КЅ и 250 Nm вртежен момент, во комбинација со 6-брзински мануелен менувач постигнува просечна потрошувачка од 3,7 l/100 km.