Volkswagen со нова технологија во своите автомобили

Концернот Volkswagen планира да го искористи „електронскиот механизам“ за управување, за имплементирање на една новина, елиминирање на механичка врска помеѓу управувачот и тркалата. Ова го соопшти Autocar, повикувајки се на изјава на менаџер од компанијата, кој посака анонимност.

Сличен систем на кормилото за управување веќе се користи од автомобилите на Infiniti. Кај семејството Q50, на пример, механичка врска помеѓу воланот и тркалата сепак постои, но таа се користи само при екстремни ситуација во која електрониката откажува.

Во стандарден режим спојката ги поврзува двата краја на управувачкото вратило и е отворена, а управувањето на тркалата се спроведува со помош на електромотор. Процесот се контролира од три еднакви електронски блока, а секој од нив може да работи самостојно, ако другите откажат. Новиот систем ќе се појави кај следната генерација на Volkswagen Golf, како и кај идните електрични изведби на брендот, а првата треба да се појави на пазарот во 2019 година.

Пред тоа – уште оваа есен, на модели на марката ќе дебитира друга нова технологија. Тоа е таканаречен „мек хибрид“, со кој ќе биде опремен новиот VW T-Roc. Технологијата вклучува стартер-генератор, уред за обновување на енергијата и 48-Volt електрични систем. По кросоверот, системот ќе почне да се користи и за останатите модели на Volkswagen, изградени на платформата MQB.

Автоплус

- Реклама -