Компанијата Volkswagen е подготвена со нов компактен седан што ќе се нуди за пристапна цена, а ќе дебитира пред публиката на изложбата Auto Expo во февруари 2016 во Индија. Моделот ќе го носи името Ameo.
Седанот ќе се нуди со избор од два мотори, 1,2-литарски бензински со 75 КЅ и со 1,5 дизел со 89 КЅ. За двата агрегати ќе се нуди 5-брзински мануелен менувач, а за дизелот ќе биде достапна како опција и шестстепена автоматска трасмисија. Во основата на Ameo е Volkswagen Polo во верзија седан. Моделот ќе добие две предни воздушни перничиња во основната опрема, додека за топ-верзиите се предвидени тркала од лесна легура и модерен мултимедијален систем.
Производството на автомобилот ќе се одвива во индиската фабрика на Volkswagen во провинцијата Чакан. Таму во моментов се склопува модел на германскиот производител наменет само за Индија – Volkswagen Vento. Главните конкуренти на седанот ќе бидат Maruti Suzuki, Ford Dzire, Tata Zest, Honda Amaze и Hyundai XCent.
Во Volkswagen имаат намера да го продаваат Ameo и на странски пазари. Во прво време тој ќе почне да се нуди во соседните држави на Индија.
Автоплус