Volkswagen го разоткри најеколошкиот Passat

Компанијата Volkswagen ги обелодени сите подробности за концептот Passat BlueMotion, само неколку дена пред официјалниот деби, кое е планирано за салонот во Детроит. Од германскиот производител најавија дека моделот покажува каков може да биде еколошкиот автомобил кој не користи хибридни технологии.

Концепт се одликува со својата сина боја Reef Blue Metallic, модифицираната маска на ладилникот и нов заден спојлер. За ентериерот пак се избрани две бои, а седиштата се од кожа. Површините во внатрешноста се покриени со црн сјај и елементи од карбон.

Под капакот на Passat BlueMotion е поставен 1,4 литарски бензински мотор TSI, со моќ од 150 КЅ и 249 Nm вртежен момент. Агрегатот е опремен со технологија за директно вбризгување на горивото, систем start-stop и состав за деактивација на половина цилиндри при помало оптоварување. Менувачот е роботизиран DSG. Потрошувачката на гориво, според Volkswagen, е 5,6 l/100 km.

Покрај тоа Volkswagen ќе ја претстави и спортска верзија на Passat, која е наменета за пазарот во САД. Всушност Volkswagen Passat Sport претставува сериската верзија на прототипот Passat Performance прикажан минатата година. Тој се препознава по затемнетите фарови и куќишта на ретровизорите, задниот спојлер и 19-инчни тркала од лесна легура. Автомобилот е достапен во 3 бои – бела Candy White, сребрена Tungsten Silver и сива Urano Gray.

Ентериерот на седанот се одликува со спортски седишта, алуминиумски педали, осигурувачи на праговите од нерѓосувачки челик и елементи од карбон. Под капакот е 1.8-литарски турбо-мотор со моќ од 170 КЅ и 249 Nm вртежен момент. Менувач е 5-брзински мануелен или 6-степен автоматски . Треба да се напомене дека концептот Passat Performance се потпира на мотор со ист волумен, но со поголема моќ – 250 КЅ.

- Реклама -