Волво ќе воведе надворешно воздушно перниче

ВолвоИ по најконзервативните проценки воздушните перничиња имаат спасено илјадници животи од кога се воведени пред две децении. Сега Волво се подготвува да ги спаси животите и на пешаците со првото надворешно воздушно перниче.

Новиот систем е една од многуте безбедносни технологии кои ќе бидат воведени во новиот V40 караван. V40 е базиран на целосно нова архитектура која треба да послужи како платформа за неколку идни Волво производи, како замените за сегашното C30 купе, S40 седан и дури и поголемиот V50 караван. Производителот, кој долго време претставува симбол за напредна безбедност, веќе неколку години работи на развивање на пешачко воздушно перниче – кое според нив е најефикасен начин за исполнување на строгите европски закони за безбедност.  Европските регулатори вршат притисок врз производителите да најдат начин за намалување на жртвите од сообраќајни несреќи во кои автомобили удираат пешаци. Другите производители создале свои решенија, генерално пасивни, иако има и тимови кои размислуваат за ставање на мали пиротехнички направи кои би ја подигнале хаубата за да го ублажат ударот. Но со системот на Волво сензори би го детектирале ударот во пешак и би реагирале слично на судир со друго возило.
По судирот хаубата се подига од страната на ветробранското стакло по што излегува воздушно перниче со форма на буквата U. Заедно со технологијата наменета за заштита на пешаци новото Волво V40 ќе го користи и новиот City Safety систем кој може да ги активира кочниците на возилото ако сензорите забележат дека постои можност за судир. Системот е дизајниран да реагира во случај ако возачот не внимава. Во согласност со другите нови производи на Волво, производителот се обидува да покаже дека безбедно возило не мора да биде здодевно.
Караванот претставува дизајн во кој доминираат облини за разлика од класичните дизајни од минатите децении кои потсетуваат на кутии. Дизајнот нагласува низок центар на гравитација за да го подобри управувањето. Со должина од 4,5 метри V50 е околу 2,5 сантиметри подолг од сегашниот S40 и околу 20 сантиметри подолг од Audi A3 Sportback. [Volvo offering world’s first pedestrian airbag]

- Реклама -