Воените пилоти имаат антифриз во крвта

пилотАко чуете дека воените пилоти имаат антифриз во крвта, би можеле да помислите дека се работи за метафора за нивната способност за справување со ситуации со високо ниво на ризик и стрес. Но не се работи за метафора. Неколку пилоти на F-22 Raptor од американското воено воздухопловство имаат мали количини на антифриз во крвта и никој не знае зошто.

Воздухопловството неодамна забележале променливо однесување кај неколку нивни пилоти, специфично дека се однесуваат како да се пијани. Но кај нив не било најдено присуство на алкохол, туку откриле дека во нивната крв има антифриз, мали нивоа од гориво и пропан. Она што е неверојатно е што некои од пилотите заборавале едноставни работи како на пример како да оперираат со радиото поради токсините во нивната крв.
авионОчигледно загрижени, командантите во военото воздухопловство веднаш започнало три месечна истрага и оваа недела го објавиле нивниот извештај. Тие сè уште не знаат ништо конкретно за ситуацијата. Само знаат дека пилоти во шест од седумте бази снабдени со F-22 Raptor авиони страдаат од „симптоми слични на хипксија“ (недостиг на кислород).

Поранешен пилот на F-22 изјавил: „Има голем број непријатни работи кои влегуваат во крвотокот на пилотот преку она што го дишиме од OBOGS (On-Board Oxygen Generation System). Тоа е факт. Колку е лошо, каков тип на супстанца е, за колкава количина се работи, колку долго – ова се сè прашања за кои нема одговор.“ Оваа сага се надоврзува на долгиот список на проблеми со F-22. Офицерите се надеваат дека ќе го најдат решението набрзо бидејќи целата флота составена од F-22, најмодерниот ловец во американското воздухопловство, е приземјена од трети мај. [Air Force pilots have anti-freeze in their blood and the Air Force doesn’t know why]

- Реклама -