Филипинскиот актер и водител го воодушеви светот со својот талент, кој со помош на шминка и перика се тансформира во светски познати ѕвезди како Џенифер Лоренс, Џулија Робертс, Мадона, Ријана, Бијонсе, Мајли Сајрус и многу други.
Паоло Балестерос (31) со задоволство поминува и по неколку часа за да се трансформира во познатите дами, а тоа му обезбедило и 360.000 обожаватели на Инстаграм.
Користи шминка, контактни леќи во боја, перики, а вели дека најлесна трансформација му е во Анџелина Џоли.
– Само ставам дебели усни и веќе личам на неа. Омилена ми е Мараја Кери бидејќи е пејачка, постојано настапува, а тоа ми се допаѓа- вели Паоло.
Тој минатата година преживеал мал мозочен удар и вели дека за време на заздравувањето го искористил времето да ја усоврши својата техника за трансформација.
Погледнете дел од неговите најдобри трансформации.