Џералд Фус е среќно оженет, татко на две деца и поранешен сопственик на мал мотел со 21 соби во близината на Денвер, Колорадо. Човекот така заработувал леб со децении, но мотелот е само маска. Приказната за мотелот е приказна за најголемиот воајер во историјата. Фус тајно набљудувал стотици од неговите гости како имаат секс, а освен тоа водел и детален дневник за повеќето од нив. Било преку дупки во бањата или во таванот, кои биле камуфлирани со ламели или со вентилаторски решетки, Американецот си обезбедил совршена глетка кон сè што се случувало во собите. Никогаш не бил откриен ниту самиот се издал.
Во својот дневник, Фус опишувал разговори, физички карактеристики, возраст, однесување, од каде дошле и каде одат гостите, бројот на оргазмите што ги доживувале и слично. Брачни парови, вљубени парови кои патуваат од држава на држава, бизнисмени и нивните секретарки, сопруги со помлади швалери, хомосексуални парови, тројки, групен секс… сé тоа има во „базата на податоци“ на Фус, која воедно веројатно е и најголемото аматерско „истражување“ спроведено на тема секс.
Единствената која знаела е неговата сопруга Дона. „Таванот беше продолжен дел на нашата спална. Понекогаш таа ми носеше сендвич, ако беше многу досадно. Понекогаш имавме секс на таванот, ако беше многу возбудливо. Таа е една лојална сопруга на воајер, макар што ретко остануваше со мене да гледа“, раскажува воајерот на воајерите.
По толку многу години, сепак, Фус сам ќе побара да излезе од анонимност. Во почетокот на 1980-та година тој контактира еден американски новинар, кој работел на детална книга за сексот во САД. Гај Телас добива писмо без име и потпис. Испраќачот тврди дека има многу важни информации со кои може да придонесе за книгата. На почетокот, новинарот смета дека си има работа ем со воајер, ем со човек на кого не може да му се верува, човек кој очигледно нема проблем грубо да го крши туѓото право на приватност. Сепак, по околу 30-годишна соработка, излегува нова книга од Телас, со наслов „Мотелот на воајерот“, во која во детали е раскажана приказната на Фус.
Воајерите обично ги мотивира очекувањето – тие имаат суперхеројска моќ да поминат неколку часа во исчекување на нешто што би ги возбудилот. Кај Фус ситуацијата е друга – за него сé било на готово. Во меѓувреме, тој не сметал дека некому му прави штета. Од друга страна, заинтересиран бил не само од сексуалните односи помеѓу гостите, туку и за начинот на кој разговарале и се однесувале еден кон друг. Од трета страна, постојано се плашел да не го откријат и да не оди во затвор…
…и така цели 29 години.
По некое време, Талас го посетува мотелот и се среќава со скандалозниот сопственик кој изгледа сосема нормално – нормален човек со кафени очи, со обична маица и кожна јакна. Ќе отседне во соба за која нема начин да биде набљудувана, барем според уверувањата на домаќинот. Имено, во мотелот имало вкупно 9 такви соби, кои се давале на возрасни луѓе и семејства со мали деца. Останатите соби биле доделувани на традиционален начин, при регистрацијата, со тоа што Фус си имал ненаков концепт во главата и на некој начин ја подготвувал „воајерската програма“. Воајерството не му сметало на работата на рецепција – не морал таму да стои, бидејќи таванот исто така бил опремен со сигнално ѕвонче. Сеедно, при посетата, Фус бара од Телас да потпише изјава дека нема да го открива неговото име, ниту тоа на мотелот, ниту локацијата, сé додека не добие писмена дозвола.
Инаку, Фус израснал на фармата на своите родители, кои ги опишува како работливи и срдечни луѓе. Во нивното провинциско американско-германско семејство сексот бил апсолутна табу тема. Така, Џералд не гледа дури ни најмал знак за секс меѓу неговите родители, а колку повеќе расте, толку посилен станува интересот кон темата.
На 9-годишна возраст почнува да ја шпионира негова речиси 30-годишна тетка Кејтрин, која живеела во соседството. Таа имала навика ноќно време да се шета гола во спалната, без да ги спушта завесите. „Дружбата“ траела околу 8 години. Џералд имал многу прилики да сведочи додека таа секс имала секс со нејзиниот сопруг, кога се будела од пијанство среде ноќ, кога ја чешлала косата и слично…
Неговиот прв контакт со девојка се случил дури откако бил на обука во морнарицата. Откако се вратил од воената служба, Џералд се запознал со медицинската сестра Дона, со која наскоро се венчале. Уште пред да се земат, Фус имал навика да излегува на ноќни „воајерски екскурзии“, а Дона немала ништо против. Таа немала ни ништо против да ја продадат својата куќа, за да можат да го купат еднокатниот мотел Мanor House. Претпоставувате, Џералд го избира токму тој мотел заради пространиот и висок таван, што ветувал да ги оствари сите негови воајерски соништа.
Не било сé само уживање. Во 1977-ма година, Фус станува сведок на убиство, кое никогаш не го пријавил во полиција. Во друга прилика, морал да ја пушти дрогата на дилерот во тоалетот.
На крајот, сепак, Фус го продава мотелот со надеж дека ќе биде прифатен како истражувач и социјален аналитичар, а не како перверзњак. Вели дека се заситил. До денес живее без страв дали ќе биде истражуван од полицијата, бидејќи, како што и самиот вели, „тој е само една празна душа“.
Го нема воајерот, а го нема ни хотелот. Новите сопственици решиле да го срушат.