„ВО ЖИВО“: Интервјуто на Заев за БГНЕС во „Само вистина“ на „Канал 5“ (ВИДЕО)

Македонија и Бугарија немаат споделена, туку заедничка историја. Околностите во минатото не оделе во прилог на пријателството меѓу Македонците и Бугарите, Југославија нѐ поделила. Мора да ги признаеме слабостите на историјата за да можеме да градиме иднина. Гоце Делчев бил и македонски и бугарски револуционер. Бугарија не била фашистичка држава. Коментарите на претседателот на државата Пендаровски се должеле на неговото неискуство. Најдобар доказ за блискоста меѓу двата народи била сличноста на јазикот и роднините од двете страни на границата. Владата ќе се бори и го спречува говорот на омраза во Македонија насочен кон Бугарија…

Овие се дел од пораките што премиерот Зоран Заев ги испрати до целокупната бугарска јавност,  во скандалозното, барем според опозицијата, интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС. ТВ „Канал 5“ го емитува целосното интервју во денешното издание на „Само вистина“.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот

- Реклама -