Во Сибир откриен нов вид предци на човекот

NeanderthalДо неодамна се претпоставуваше дека единствени претставници на човечкиот род кои живееле пред 40.000 години биле Неандерталците и  Хомосапиенсите. Но, идентификуван е досега непознат вид хоминиди кои живееле во исто време. Ова откритие упатува на постоењето на изгубена линија предци на човечкиот род.


hominid3До неодамна се претпоставуваше дека единствени претставници на човечкиот род кои живееле пред 40.000 години биле Неандерталците и  Хомосапиенсите. Но, идентификуван е досега непознат вид хоминиди кои живееле во исто време. Ова откритие упатува на постоењето на изгубена линија предци на човечкиот род.

Хоминидот, чиј дел од коска од прст беше пронајден во 2008 во пештера во Денисова во Алтајските планини, наводно живеел во исто време како и Неандерталците и модерните луѓе и сите три видови најверојатно дошле во контакт. Станува збор за досега непознат тип хоминиди, според Јоханес Краузе, од институтот Макс Планк за еволуциска антропологија од германскиот Лајпциг, и неговоте колеги кои анализираа дел од неговата митохондриска ДНК. Оваа анализа е прва која идентификува нов вид хоминиди врз основа на генетска анализа, без фосилни остатоци кои би понудиле анатомска референца.

Новиот хоминид наводно е потомок на посебен миграционен бран од афричкиот континет, поразличен од оној на Неандерталците и модерните луѓе.  Првата група хоминиди која ја напуштила Африка била Хомо еректусот пред околу 1,9 милиони години. Археолошките и генетските податоци покажуваат дека следеле уште најмалку две миграции од Африка, предците на Неандерталецот пред 300.000 до 500.000 години и првите луѓе пред 50.000 години, потсетуваат научниците.

Сè до неодамна се претпоставуваше дека единствените претставници на човечкиот род кои живееле пред 40.000 години биле Неандерталците и Хомосапиенсите. Откривањето на малиот човек на индонезискиот Флорес во 2003, чиј најмлад фосил е стар 13.000 години, упатува на постоењето на трет човечки вид. А хоминидот од Денисова, кој би можел да биде претставник на четврт изумрен вид, „бара ревизија на историјата на неодамнешното постоење на човекот во Евроазија“, истакнува британскиот стручњак Теренс Браун.

Тој хоминид најверојатно живеел пред 30.000 до 48.000 години, според датирањето на тлото од пештерата каде беа откриени остатоците на неговиот скелет.  Тој би можел да живее паралелно со Неандерталците, кои во тој ист период живееле на помалку од 100 километри од пештерата Денисова и модерните луѓе кои живееле на Алтрај пред нешто повеќе од 40.000 години.

- Реклама -