Хибриди, електромобили, согорливи ќелии, јаглерод, натриум и цинк…. прашање е само на време кога сите овие алтернативни енергенси ќе ги заменат во конвенционалните мотори фосилните горива? Посебно тоа за мошне брзо време може да се случи во француската метропола.
That is no country for old men, пее во својот хит Sailing to Byzantium, Вилијам Батлер Џетс, кој во превод значи „нема мнесто за старците“, што е и наслов на популарниот филм на браќата Коен. Е, каква врска има тоа со автомобилите, но градските татковци на Париз, велат дека и тоа како има, бидејќи во иднина нема да има место во нивната метропола, посебно во централното градско подрачје, за стари автомобили.
Градоначалникот на Париз, Ен Идалго, вели дека ќе донесе забрана да се сообраќаат стари возила во француската метропола. За патничките автомобили границата би била, произведени од 1996 година па наваму, за комерцијалните возила од 1997, за автобуси и камиони од 2001 и мотоцикли од 2000. Ова не се законски регулативи со кои се штити сопствената автомобилска индустрија, туку поради се поголемата загаденост.