Во нападот врз болницата загинале 471 Палестинец, а 314 се повредени, соопшти МЗ во Газа

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра денеска изјави дека 471 Палестинец загинал, а повеќе од 314 се повредени во, како што рече, „израелскиот масакр“ во болница во северниот дел на Појасот Газа.

Палестинските власти го обвинуваат Израел за вчерашната експлозијата во болницата.

Израел соопшти дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад, која ја негираше вината.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -