Во контраофанзивата, Украина изгубила над 90.000 војници – вели Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Украина од почетокот на нејзината контраофанзива во јуни изгубила повеќе од 90.000 војници, 557 тенкови и околу 1.900 оклопни возила.

Тврдењето на Путин не е независно потврдено.

Путин повтори дека е „сигурен“ дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина, додавајќи дека нејзината мисија е да ја „денацифицира“ Украина.

МИА

Прочитајте и:  Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната
- Реклама -