Податоците од анкетата спроведена од страна на Европската комисија, покажуваат дека најмногу атеисти има во Франција, а најмалку во Романија (1%) – каде 92 отсто од луѓето веруваат во Бог.
Во Франција, 40 отсто од населението не верува во никакви натприродни суштества, богови или некакви виши сили.
На Малта и во Турција дури 94 проценти од луѓето веруваат исклучиво во Бога, додека во Чешка тој процент е најнизок – само 16%.
Најнеодлучни се граѓаните на Луксембург – осум проценти од нив рекле дека не знаат во што веруваат.
Резултатите изгледаат вака:
Земја: | Процент на атеисти: | Процентот на луѓе кои веруваат во виша сила: | Процентот на луѓе кои веруваат во Бога: |
Франција | 40 | 27 | 27 |
Република Чешка | 37 | 44 | 16 |
Шведска | 34 | 45 | 18 |
Холандија | 30 | 39 | 28 |
Норвешка | 29 | 44 | 22 |
Естонија | 29 | 50 | 18 |
Германија | 27 | 25 | 44 |
Белгија | 27 | 31 | 37 |
Словенија | 26 | 36 | 32 |
Велика Британија | 25 | 33 | 37 |
Луксембург | 24 | 22 | 46 |
Данска | 24 | 47 | 28 |
Финска | 22 | 42 | 33 |
Унгарија | 20 | 34 | 45 |
Шпанија | 19 | 20 | 59 |
Исланд | 18 | 49 | 31 |
Бугарија | 15 | 43 | 36 |
Словачка | 13 | 23 | 63 |
Португалија | 12 | 15 | 70 |
Литванија | 12 | 37 | 47 |
Австрија | 12 | 38 | 44 |
Швајцарија | 11 | 39 | 44 |
Летонија | 11 | 48 | 38 |
Ирска | 7 | 20 | 70 |
Хрватска | 7 | 22 | 69 |
Италија | 6 | 20 | 74 |
Полска | 5 | 14 | 79 |
Грција | 4 | 16 | 79 |
Кипар | 3 | 8 | 88 |
Малта | 2 | 4 | 94 |
Турција | 1 | 1 | 94 |
Романија | 1 | 7 | 92 |