Во Јапонија уште доставуваат млеко до дома, како во минатото

На западот, доставувањето на млеко до куќниот ти праг (што ние сме го виделе само на Том и Џери и по филмови) е одамна свршено минато. Во Јапонија, не е.

Милиони Јапонци секојдневно се потпираат на домашна испорака. Многу од традиционалните јапонски домови располагаат со посебни кутии за испорака – нешто како поштенски сандачиња, ама за млеко. Обично се дрвени и закачени на надворешните ѕидови на куќата, но има и понови модели, направени од пластика и со изолација од стиропор од внатрешната страна. Од друга страна, некои производители на млеко го доставуваат во специјални пакувања за ладење кои потоа одат на рециклажа.

Сé ова убаво, ама зошто јапонските производители на млеко би се замарале до овој степен, кога и онака Јапонците сите други намирници ги пазарат сами, како и останатиот свет?

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Краткиот одговор е – зошто се итри. Се работи за маркетинг тактика против намалениот интерес за млекото меѓу корисниците, кој кулминираше во 80-тите години на минатиот век. Според една статија на Japan Times од 2003-та година, со воведување на испораката на млеко пред врата, тогашната најголема компанија на млечниот пазар – Meiji Diaries, успева да го сопре тој тренд и да ја дуплира продажбата во споредба со претходниот десетгодишен период.

- Реклама -