Во Јапонија суспендирана употребата на неколку сериии од вакцината на Модерна поради контаминација

Токио, 30 август 2021 (МИА) – Два јапонски региони ја суспендираа употребата на неколку серии од вакцината на Модерна против Ковид-19, откако беше евидентирана контаминација на препаратот, соопштија локалните власти.

Во овие делови на Јапонија повлечени се уште милион дози од вакцината против Ковид-19 на Модерна. Причината е што „непозната состојка“ е откриена во повеќе серии.

Пред неколку дена азиската земја повлече од употреба 1,6 милиони дози на вакцината поради нивна можна контаминација во производствениот процес. Исто така, беше објавено дека две лица починале по вакцинација со дози од тие серии.

Суспендираните испораки на Модерна, вкупно повеќе од 2,6 милиони дози, се совпаѓаат со најтешкиот бран на Ковид-19 во Јапонија поради многу позаразната Делта варијанта на коронавирусот. По првпат од почетокот на пандемијата, овој месец има повеќе од 25.000 дневни инфекции.

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената
- Реклама -