Во Франција отворија специјален сервис за жени

Во градот Сен-Ван-л’Омон на околу 30 километри од Париз отворени се вратите необичен автосервис. Техничкиот центар Only Girls е специјализиран во услугите за дами, а целиот персонал е од жени. Се разбира, женскиот сервис не ги враќа и клиентите мажи, под услов да немаат ништо против да го доверат автомобилот на механичари од понежниот пол.

Според сопствениците на Only Girls идејата настанала поради бројните поплаки на дами од зголемените цени во обичните сервисери. „Ако си жена, сеедно на челото не ти пишува – овца. Еднаш се обратив во три различни технички центри и добив три различни цени за иста поправка. Тогаш решив само да испратам вујко ми да се разбере со нив. И што мислите? Цената падна значително! “, раскажува 42-годишната Сандрин Отен, која веќе ги користи  услугите на новиот сервис и е презадоволна.

Освен одржување на автомобилите Only Girls обезбедува и дополнителни функции. Во сервисот дамите можат да си направат маникир или да одат на масажа. Во зградата има детско катче, а во зоната за клиенти се ставени дополнителни центри со услуги. Во првиот месец од отворањето на новиот технички центар веќе своите возила ги сервисирале 40 клиенти.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -