Во Финска без автомобили во градовите до 2025

Хелсинки можеби не познат според примена на еколошките стандарди во Европа, но Финците сепак ќе се обидуваат да го направат Хелсинки град кој тотално ќе биде репер за еко-урбаната мобилност.Основната причина за да се успее да се стигне до оваа цел е најавата дека ќе нема да се сообраќаат сопствени автомобили низ градот до 2025 година. Добро, тоа е добра цел, но многумина се прашуваат, како тоа ќе го изведат? Многу едноставно – ќе ги елиминираат!

Оние кои ова го планирале ова најавуваат дека ќе го користат системот Big Data, постојниот систем на јавниот превоз, смарт телефонските апликации и универзалниот пристап до електронските комуникации. Хелсинки планира да ги користи овие алатки за да ја трансформира постојната транспортна мрежа според методот „барање мобилност“. Само на овој начин Финците планираат да се ослободат од употребата од приватни автомобили во центарот на Хелсинки.

Што значи тоа во пракса? Финска веќе има доста добро развиен систем за јавен превоз со автобуси и трамваи и добра инфраструктура од вело-алеи. Кон тоа се одлучиле да додадет една компонента наречена Kutsuplus. Тоа е сервис каде што треба само да се обратите и да кажете од каде до каде сакате да патувате. Мали комбиња доаѓаат, ве земаат и ве носат до посакуваното место. Тоа чини малку повеќе од обичниот автобус, но помалку од такси.

Според визијата за новиот систем, секој човек ќе може да користи апликација на својот смартфон, за да каже од каде до каде сака да патува. Апликацијата ќе му ги предложи најдобрите опции. Оваа нова мрежа е замислена од студентка, која предвидува системот да вклучува и автомобили по нарачка, но да нема возила од приватна сопственост. Младата Соња Хејкил вели дека за децата на новиот милениум оваа можност ќе биде многу попривлечна од поседувањето на приватен автомобил.

-Замислете една девојка која се качува на трамвај, слегува од него неколку постојки понатаму и зема велосипед за изнајмување, со кој оди до работа. После работа таа се качува на микробус и оди до спортската сала за вежбање… Конечно, … таа се прибира дома со нарачан автомобил. За сите свои нарачки користи мобилен оператор и неговите услуги, а трошоците за превозот се вклучуваат во сметката за телефонот.

Интересно, несекојдневно, практично…, а згора на тоа доколку сите возила бидат електрични навистина крајно еколошки!?

- Реклама -