На собраниската седница во четврток ќе се обрати и претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен

Собранието на Република Северна Македонија за в четврток закажа нова седница. Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница, закажана е 80. седница на Собранието на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, информира МИА.

Принтскрин

Претходно извори од Собранието за МИА потврдија дека пратениците денеска преку СМС порака биле информирани оти седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието сѐ уште нема официјална информација за седницата.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -