Плановите на хипер луксузната марка Bugatti вклучуваат лансирање и на втор, не со толкава моќ и ценовно мошне подостапен модел, дали тоа ќе биде SUV, електричен автомобил, plug-in хибрид или помал спортски модел, останува да видиме?
Шефот на компанијата, Волфганг Дорхајмер, потврди дека во моментов тој и неговите колеги разгледуваат четири можности за развојот на палетата на Bugatti. Една од овие е производството на голем и супер луксузен седан, кој ќе е близу до концептот Galibier, кој дебитираше во 2009 година, кој периодично се појавува и исчезнува од плановите на компанијата. Ако дојде до сериско производство на Galibier, тој ќе е директен ривал на Rolls-Royce Phantom и Bentley Mulsanne.
Дюрхајмер одби да открие какви се другите три варијанти за развојот на Bugatti, но се претпоставува дека станува збор за создавање на SUV, електричен автомобил, plug-in хибрид или помал спортски модел. Но како и да е, вториот модел на Bugatti ќе има задача да привлече повеќе клиенти. Инаку, Дорхајмер призна дека тој преферира вториот модел на Bugatti да е луксузен седан.
Ова размислување Дорхајмер обележува сериозна промена во курсот на француската марка. Пред околу една година, повторно Дорхајмер изјави дека Galibier е само сон, како и дека SUV модел нема никогаш да најде место во палетата на Bugatti!?
Се претпоставува дека одлуката на проширувањето на палетата на брендот ќе биде донесена во следните неколку месеци.