ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Караџовски дека властите не ја послушале КЗБ: Политичките калкулации на власта резултираат со човечки жртви

„Владата предводена од Зоран Заев прави што сака и тоа по цена на човечки животи. Се кара и стручната фела. Тоа говори дека се неспособни, менуваат одлуки и препораки заради политички калкулации, си поигруваат со здравјето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на Првиот човек на Комисијата за заразни болести – Жарко Караџовски, кој во разговор со „Алсат“ актуелната состојба со пандемијата ја оцени како епидемиолошки несигурна со тенденција на влошување. Караџовски како главен виновник ги посочи свадбите и тоталното непочитување на мерките во одредени делови од државата, притоа критикувајќи ги властите затоа што не ги послушале советите на Комисијата за заразни болести да не дозволуваат организирање на свадби на затворено во текот на летото.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Си поигруваат и со економијата, еднаш затвораат угостителски објекти, еднаш за да се влезе бараат сертификати, во меѓувреме секој прави што сака“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа постапка на Владата говори дека поединци, но и целата Влада, не ја слуша стручната фела, а последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви“, обвинува опозицијата.

- Реклама -