ВМРО-ДПМНЕ: Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од сѐ што е македонско – прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски дека твореле во бугарска држава

Споменик на Цар Самоил, во Софија

„Според препораките, Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, наместо македонски, ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија.

Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од сѐ што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава“, обвинуваат од најголемата опозициска партија откако денеска беа презентирани и објавени усвоените препораки на заедничката комисија со Бугарија за историски прашања.

Со препораките на комисијата да се менуваат учебниците по историја во Македонија, пак, Ковачевски и СДСМ свесно се откажуваат од македонската историја и македонскиот идентитет, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?

СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.

Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -