ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС АНБ стана партиски штаб, партијата послабо да пие од апчињата за заборавање

СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање.

Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ.

Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на  безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.

Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.

Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -