ВМРО-ДПМНЕ се приклучува на протестите пред Собранието: „Името не го менува народот, туку уценети пратеници“ (ВИДЕО)

Како што беше и најавено, точно напладне пред Собранието започна протестот предводен од здружението „Тврдокорни“ и „Македонија Блокира“, насочен против уставните измени и промена на уставното име на Република Македонија.

Од движењето „Македонија блокира“ побараа нивни претставници да влезат во парламентот за да разговараат со пратениците и да им ги образложат своите ставови против промена на уставното име, со надеж да ги убедат да не гласаат и да не се исполни потребното двотретинско мнозинство. Засега нема информации дека таквото барање им било исполнето.

Во меѓувреме на прес излезе и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Заедно со своите сопартијци, тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на пленарната седница за да не даде легитимитет на уставните измени. Мицкоски порача дека народот го кажал своето (на референдумот) и дека тие што го менуваат името се 80-те пратеници, од кои дел, според Мицкоски, гласаат под уцена, а не по сопствено уверување. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ смета дека отпорот е сé што преостанува и затоа, најави Мицкоски, се приклучува на протестите.

Прочитајте и:  Агелер: Честитки до Шекеринска и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

- Реклама -