ВМРО-ДПМНЕ: Пред неколку дена Заев изјави дека Рашковски не е виновен, денес го пуштија дома

Одлуката да биде пуштен Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев, а денешната одлука е скандал бидејќи покажува дека кога Заев те брани, тогаш криминалот се простува – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од опозицијата, постои сериозна основа да се сомневаме јавноста да се сомнева дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука, но и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес.

„Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Спорно за нив е и потеклото на сумата од половина милион евра што Рашковски ја понуди за да се брани од слобода.

„Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа“, велат од најголемата опозициска партија.

Според нив, ова е причина плус зошто Заев мора да замине од власт.

- Реклама -