ВМРО-ДПМНЕ: Кога Мицкоски тврдеше дека постои нон-пејпер, од власта инсистираа дека се измислици

„Кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски тврдеа дека постои нон пејпер кој Заев го договара, од власта кажуваа дека се измислици? Сега кога од австриски новинари се дознава дека не само што бил нуден туку и нон пејпер е потпишан, предавничката неспособна влада на Заев молчи?“, реагираат од опозицијата откако денеска австрискиот новинар Кристијан Вершуц на Фејсбук објави 9 точки од нон-пејперот за кој и Македонија и Бугарија се согласиле на состанокот во Берлин.

„Прашањето е“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, „од кого доби дозвола Заев да преговара и која е вистинската соддржина на нон пејперот за кој медиумите пишуваат, и што сака Заев да сокрие од јавноста? Дали сега ќе се извини Заев за тоа што ја лажеше јавноста?“, прашува опозицијата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ахмети и ДУИ стануваат фактор на нестабилност на дневна основа, но Албанците се свесни што правеа додека беа на власт
- Реклама -