ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не сакала да патува со автомобил до Цетиње и го ангажирала службениот авион за 1700 евра

Чорапи, хулахопки, мечиња, топки, ручеци, вечери, изнајмување на станови, шетање на пријателки, па и авионски карти кои не се користени… За сето ова и за многу други работи Бисера Антоанета трошела народни пари без воопшто да не и гајле дали ја претставува државата.  Очигледно единство и било приоритет да се грижи за личните интереси и за личниот џеб.

Бисера Антоанета никако не сопирала со нејзината алчност и непромисленост.

Бисера Антоанета одела дотаму што ангажирала владин авион за пат до Црна Гора поточно во Цетиње.

Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње, Црна Гора.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Бисера Антоанета за таа цел платила 102.347 илјади денари или околу 1700 евра кон владината Служба за општи и заеднички работи.

Инаку поканата во кабинетот на Бисер Антоанета стигнала 2 декември 2022 година, а таа реагирала по 12 дена. Зошто само таа знае, но јасно се надзира зошто е тоа така. Но, јасно е е и дека таа можела да замине со службено возило што е многу поевтино.

Бисера Антоанета треба да одговори на многу прашања, за хулахопките, мечињата, неискористените авионски карти, како и за ова патување на толку кратка релација.

Бисера Антоанета е само еден од многуте случаи од СДС. Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес.

ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -