За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок. ВЛЕН, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите албанци.
Од самото формирање, ВЛЕН говори со факти, а не со политички флоскули. Затоа, денес клучната дилема која се поставува е: кој е вистинскиот Али Ахмети? Дали оној кој говореше НЕ за Русија – ДА за Европа, или овој кој плаче што не е во коалиција со оние кои ги обвини дека се антизападни? Дали ВЛЕН се вазалите или Ахмети, Груби и Османи се вазалите кога одлучија да не го поддржат Арбен Таравари за заеднички претседателски кандидат на Албанскиот народ? Во чие име Ахмети одлучи спротивно на интересите на ЕУ и САД да го бојкотира вториот круг на претседателските избори? Дали за Ахмети интересите на Албанците се важни само кога ДУИ е власт? Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собрание со значително мнозинство од 76 пратеници? Додека Ахмети не одговори на овие прашања ќе остане впечатокот дека единственото за што се грижи е како да ги спаси своите корумпирани досегашни функционери од одговорност. Ахмети треба да ја прифати реалноста. Одамна веќе нема право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Северна Македонија. Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата. Имајќи во предвид дека ова се иницијативи за кои треба висок степен на консензус, ВЛЕН во процесите влегува со цел истите да се остварат, а не како до сега, да служат само како восочни фигури со многу шминка а малку содржина. Изборот на Африм Гаши за Претседател на Собранието е добра основа промените да се случат со добра воља и искрен пристап да се прифати реалноста. Апелираме до ДУИ да се однесува како одговорна опозиција и заради лични и теснопартиски интереси да не ги жртвува ЕУ перспективите на Северна Македонија. Вчера започна ново поглавје во политичкото дејствување на Албанците во Македонија. Старата корумпирана политичка коњуктура народот со глас ја замени со нова генерација на образувани, одговорни, отчетни, транспарентни и професионални политички претставници. Времето на политички шарлатанизам и таканаречени „големи„ идеи и изминато. Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформира ДУИ и наместо со гласовите на други етнички заедници и изборни манипулации, нека се обиде да се легитимира помеѓу Албанскиот народ со нови кадри!
КОАЛИЦИЈА ВЛЕН