Сопругот програмер се враќа дома во зорите.
– Каде беше цела ноќ, признај! – нервозно му вели жена му.
– Види, мила, вчерашниот состанок се одолговлече, па на новата секретарка и’ избега последниот автобус. Ме замоли да ја префрлам до дома. Пред нејзината куќа видов дека ми издишале двете задни гуми, па ги сменив.
Секретарката љубезно ме покани кај неа дома, и патем ми свари чај со рум, бидејќи се смрзнав менувајќи ги гумите.
Кога сакав да си одам дома, видов дека полицијата на нејзината улица ги застанува сите и ги тестира со алкотест. Причекав да си одат, поради румот во чајот, ама никако да им текне… Потоа секретарката предложи да преспијам кај неа… и ете…
– Не лажи, ѓубре едно!!! Знам дека пак цела ноќ си бил во канцеларија и си киснел на форуми за програмирање на интернет!