Вишната и нејзината лековита моќ

Вишната (Prunus cerasus) има сладок-киселкав вкус и многу луѓе ја сметаат за неодоливо овошје. Покрај одличниот вкус вишната исто така е и многу лековита.

Ова го знаеле луѓето уште многу одамна па за прв пат започнале да ја одгледуваат во Турција и во Грција. Денес вишната најмногу се одгледува во Европа и Југозападна Азија. Освен што се издвојува по карактеристичниот и неодолив вкус таа може да се пофали и со многу состојки кои би биле од голема корист за нашето тело.

Вишната е богата со танин, пектин, минерални материи, фолна киселина, витамин Ц, витамини од групата Б и многу други. Освен овие елементи вишната во себе содржи многу антиоксиданти и антиинфламаторни агенси што ја прават посебно корисна за конзумирање. Сепак, мора да се нагласи дека содржи и многу шеќери па дијабетичарите треба да внимаваат кога ќе ја конзумираат.

Според едно истражување во САД вишната е многу корисна при состојби на зголемена физичка работа. Истражувачите велат дека според истражувањето се докажало дека луѓето кои редовно конзумирале вишни имале поголема способност за физичка работа. Таа е неодолива за мускулите бидејќи ги штити и овозможува истите одлично да функционираат – велат Американските научници.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Од друга страна пак, сокот од вишна е одличен лек за несоница. Ова се должи на присуството на мелатонин, хормон кој го регулира спиењето и будноста тврди д-р Вилфред раководител на истражувањето. Тој исто така нагласува дека мелатонинот во вишната е многу поделотворен од суплементите кои се купуваат а во кои што има синтетички мелатонин.

Вишната е овошје од кое може да се направи скоро сè. Овошна салата, џем, мармалад, сокови, коктели, слатки и уште многу други работи. Вишната е благодет за целиот организам бидејќи игра и голема улога во заштита од малигни заболувања, пред се заради нејзината голема антиоксиданска моќ.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -