Home Технологија Интернет Викај се „blockchain“ и лапај си вредност на акции

Викај се „blockchain“ и лапај си вредност на акции

0
Викај се „blockchain“ и лапај си вредност на акции

Уште една компанија ѝ се качи на биткоин манијата, и богами, со импресивен резултат.

Откако британската On-line Plc објави дека планира да го смени името во On-line Blockchain Plc, вредноста на акциите на компанијата порасна безмалку четирикратно, со скок од 394%. Ова се случи на само ден по официјалната објава дека вредноста на акциите на компанијата пораснале за сериозни 19%, според Bloomberg.

Ова е најголемото поскапување на акциите на малата компанија, која на листата на лондонската берза фигурира уште од 1996 година, а се занимава со инвестиции в бизниси од сферата на информационите технологии и интернетот.

„Блокчеин (blockchain) технологијата и криптовалутите се нова и возбудлива сфера во која работиме веќе извесно време. Чувствувавме дека времето е погодно за да ја преименуваме компанијата во нешто што ќе ги одрази овие случувања, за кои веруваме дека ќе донесат раст во нашиот сектор во иднина“, се вели во изјавата на компанијата.

Ова не е прв пат промена на име на некоја компанија да има ефект врз инвеститорите, а не е прв пат ни таа промена да се однесува токму на терминот „blockchain“. Порано месецов, на пример, американската компанија Bioptix Inc. го промени името во Riot Blockchain Inc. Во деновите што следеа, акциите на компанијата ја дуплираа својата вредност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here