Во италијанскиот град Неапол се случил вооружен грабеж на банка, а локалните медиуми го опишуваат како инцидент достоен за филм. Неколку маскирани напаѓачи влегле во филијалата на банката „Кредит Агриколе“, носејќи маски на познати филмски актери. Во тој момент, тие ги заробиле сите 25 лица кои се наоѓале во банката.
Според информации од полицијата, преговорите за ослободување на заложниците траеле со часови, но ограбувачите успеале да ги исечат сите сефови. Инцидентот завршил со бегство на сторителите, кои направиле отвор во подот на објектот и избегаа преку канализацискиот систем.




