Ултрас фановите на Атлетик Билбао и Спартак Москва се судрија низ улиците на шпанскиот град, се вклучи и полицијата, а еден припадник на безбедносните сили го загуби животот.
Група од околу 200 фанови од Русија пристигнала пред стадионот неколку часа пред да почне мечот и започнала војна меѓу навивачите на Спартак и Билбао со бакли и стакла.
Полицијата со цел да ги раздели двете групи влегла во средина на битката, а шпанските медиуми јавуваат дека еден полицаец починал од срцев удар. Тој брзо бил префрлен во болница но за жал починал.
Најмалку пет лица се уапсени во нередите.