11
Еден млад Американец преку социјалните мрежи решил да ги предупреди своите врсници за опасностите што демнат во секојдневна исхрана, тврдејќи дека токму неговата лоша исхрана предизвикува рак на дебелото црево.
Дијагностицирана му е кога имал само 25 години и смета дека токму тоа најмногу ја предизвикало болеста болеста.
– Дијагностициран ми беше кога имав 24-25 години, но докторот ми рече дека сигурно туморот го имам веќе три години. Моја вина е! Во тоа време буквално живеев на сендвичи – призна младиот човек кој видеото го објави на ТикТок, пренесувајќи им порака на многумина кои не внимаваат што јадат.
Во видеото истакна дека е премногу мрзлив да готви сам и дека јаде брза храна речиси секој втор ден.
Оваа изјава набрзо наиде на голем број коментари на ТикТок: „Мојот онколог ми рече дека веќе би ја добил Нобеловата награда доколку точно знаел што предизвикува рак“, „Одговорно тврдам дека храната игра клучна улога и за целокупното здравје и за добивање рак“, „Барем на време дознавте, се надевам“, се само дел од коментарите под објавата.