Видео игрите се добри за мозокот

Родители, следниот пат кога ќе се загрижите дека вашето дете поминува премногу време играјќи видео игри, имајте ги на ум резултатите од ново истражување според кои видео игрите придонесуваат во развојот на нивниот мозок.

Дафне Бавелие, професор од Униерзитетот во Рочестер, вели дека по споведување на околу 20 студии на оваа тема, и набљудување на млади гејмери таа заклучила дека акционите игри се далеку од безумна забава. Според резултатите, кај гејмерите биле забележани подобрувања кај видот, вниманието и некои мисловни процеси. И овие подобрувања не важат само во игрите, туку и во вистинскиот свет. Таа вели дека гејмерите имале повисоки оцени од оние кои не играат видео игри на тестови за внимание, брзина, прецизност, вид и мултитаскинг.

Видот на пример е подобрен кај гејмерите. Специфично, тие имаат поразвиен „контрастен вид“, што значи дека полесно разликуваат нијанси на сива боја. „Тоа е способност која е многу корисна ако возите за време на магла. Гледањето на автомобилот пред вас зависи од осетливоста на контрасти. Поискусните гејмери исто така можат да читаат поситни букви.“ Бавелие открила и дека гејмерите подобро внимаваат од оние кои не играат видео игри и се пофокусирани. Таа тестирала неколку доброволци и открила дека гејмерите помалку губат фокус поради она што се случува околу нив.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Гејмерите полесно забележуваат нови информации без разлика на брзината со која ги добиваат. Тие исто така полесно можат да преминат од една задача на друга, што значи дека немаат тешкотии со мултитаскинг. [Video Games Boost Brain Power, Multitasking Skills]

- Реклама -