ВИДЕО I Дејвид Бекам доби необичен подарок за Божик, се израдува на кокошките


Легендарниот фудбалер Дејвид Бекам за Божиќ доби необичен подарок од сопругата Викторија. Имено, Викторија му подарила кокошарник со кокошки.

И покрај неговата слава и богатство, Бекам ја цени едноставноста на животот во природата, а овогодинешниот божиќен подарок го воодушеви.

Колку Бекам бил среќен со подарокот може да се види од видеото кое Викторија го сподели на Инстаграм.

 

Славниот фудбалер неодамна во документарна серија на Нетфликс го покажа својот едноставен пристап кон животот. Во неговиот документарец сите можеа да ја видат страста на Дејвид кон пчеларството, а сега тој ќе има и ново занимање во кое сигурно ќе ужива.

- Реклама -