Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува „од ведро небо“. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, недели, понекогаш дури и еден или два месеци пред самиот удар.За жал, кога ќе сфатите дека имате срцев напад, би можело веќе да биде доцна за да се спречи смртта или трајно оштетување на срцето.Таканаречениот „тивок“ срцев напад, со знаци и симптоми кои се умерени или се чинат неповрзани за срцето долго го загрижувале кардиоваскуларниот експерт д-р Чонси Крандал.
Неодамна докторот креирал специјална бесплатна видео презентација за четири злокобни предупредувачки симптоми на кои треба посебно да се обрне внимание.
Четирите знаци за кои зборува д-р Крандал се: болка во градите, иако секоја болка во градите не мора да значи и срцев удар. Може да се почувствува и болка во вратот, рацете, грбот, па дури и во вилицата. Вториот знак се потењето и мачнината. Третиот знак се проблеми со дишењето, а четвртиот знак е проблем со желудникот.
Статистиките покажуваат јасна врска помеѓу одложувањето на лекувањето на симптомите на срцев удар и на смрт или заболувањата.
Приказната е страшна, но во исто време и освествува добро да ги отвориме очите и да не ги заманемаруваме сигналите кои телото ни ги праќа.