Вести на тајвански начин (видео)

БиберТајванските медиуми веќе одамна не користат колажи со фотографии или архивски снимки кога известуваат за вести кои се базирани на шпекулации или кои не се директно снимени. Наместо тоа, се користат компјутерски генерирани снимки (CGI) за поблиску да се долови амбиентот.

Тајванските медиуми веќе одамна не користат колажи со фотографии или архивски снимки кога известуваат за вести кои се базирани на шпекулации или кои не се директно снимени. Наместо тоа, се користат компјутерски генерирани снимки (CGI) за поблиску да се долови амбиентот.

Во овој прилог (кој речиси сигурно нема да го разберете) се говори за Џастин Бибер, пејачот кој беше мета на неколку интернет шеги, поттикнати главно од слободниот форум 4chan. Тајванската новинска куќа (приближно) ни ги доловува моментите со гласините за неговата смрт, со масовните пребарувања на Гугл со зборовите „Џастин Бибер сифилис“ за да се истуркаат на врвот на предлози во лентата за пребарување, како и гласањето за Северна Кореја на анкетата со прашање: „Која земја треба да биде следниот концерт од турнејата на Бибер?“ Се чини дека најдобро успеале да го доловат танцувањето на Ким Јонг Ил.

{youtube}5ac9Arzm7_o&{/youtube}
- Реклама -