Весници кои сами се полнат со вести

plasticlogic_intro.jpg Електронските
весници кои досега беа научна фантастика
и сон за издавачките куќи, тенки колку
една кредитна картичка, чии страни
константно ќе се апдејтуваат со нови
содржини со помош на бежичен линк, во
Европа се очекува да се појават во
јануари наредната година.




plasticlogicflexi.jpgЕлектронските
весници кои досега беа научна фантастика
и сон за издавачките куќи, тенки колку
една кредитна картичка, чии страни
константно ќе се апдејтуваат со нови
содржини со помош на бежичен линк, во
Европа се очекува да се појават во
јануари наредната година.

Во А4 формат и
околу стотина страни содржина од разни
магазини, книги и документи, на парче
тенка пластика, ќе може да си ги носите
каде ќе посакате затоа што и не држат
многу место, а содржат цел куп текстови.
Творците на овој модел се студенти од
Кембриџ. Од „Plastic Logic“ германско-британската
фирма која веќе почнува да ги произведува
изјавуваат дека е тоа одлична идеја
затоа што тоа драстично ќе ја намали
потрошувачката на дрва која е неизбежна
во производството на традиционалната
хартија за весниците.

Првите електронски
весници имале црно-бел 8.5х11 инчен дисплеј
и процесор кој поддржува МС Офис пакет
и ПДФ формати, но сега со новиот А4 дисплеј
и преку вајерлес линк овие весници
константно ќе се полнат со информации
и истовремено ќе можете да си ги пратите
омилените вести и магазини и сето тоа
на парче пластика. Иако сеуште не се
идеални со потполна флексибилност на
дисплејот за да може да се свиткаат во
ролна како и хартиените, сепак во 2010 се
очекува да добијат дисплеј во боја и
живи слики. А за вестите кои во нив ќе
се објавуваат ќе се знае по одржувањето
на Интернационалниот саем за електроника
во Лас Вегас кој треба да се одржи во
јануари наредната година. [plasticlogic.com]

- Реклама -