Венгер: Тешко е да се прифати ваков пораз

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека е тешко да се прифати поразот од Тотенхем бидејќи неговиот тим бил подоминантен на Вајт Харт Лејн, но борбата за место кое води во Лигата на Шампионите продолжува.

 

Арсенал синоќа загуби во дербито на Северен Лондон, натпревар кој покрај големиот ривалитет имаше и огромно резултатско значење.

Тотенхем беше максимално прецизен во првиот дел, Арсенал имаше иницијатива, но не успеа да остане непоразен.

„Поради залагањето кое го покажавме на теренот, тешко е да се прифати ваков пораз” – изјави Арсен Венгер за Sky Sports.

„Му ја отежнавме работата на противникот. Тие немаа ни шут во првото полувреме а поведоа со 2-0″.

„Во второто полувреме се вративме во игра и повторно доминиравме, во последните 20 минути беше тешко бидејќи имаше многу прекини, не успеавме да постигнеме втор погодок”.

По овој пораз Арсенал заостанува седум бода зад Тотенхем и пет зад Челзи, битката за место кое води во Лигата на Шампионите ќе биде тешка, но Венгер не се предава.

„Фрустрирачко е, но треба да играме со енергија како против Тотенхем, да продолжиме, па никогаш не се знае”.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -