Венгер го критикуваше настапот на Англија против Словачка

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер реагираше на настапот на селекцијата на Англија во осминафиналето на Европското првенство против селекцијата на Словачка (2:1).

– Англичаните играа многу бавно и беа премногу предвидливи. На крајот, тие победија благодарение на индивидуалните квалитети на играчите, а не преку нивната тактика, изјави Венгер за „beIN Sports“.

По водството на Словачка преку Иван Шранц во 25. минута, Англичаните изедначија со прецизен удар на Џуд Белингем во 90+5. Минута. Во продолженијата Хари Кејн постигна гол (91. Минута) за конечни 2:1.

Англија во четвртфиналето ќе игра против Швајцарија. Натпреварот ќе се одигра на 6 јули во Диселдорф.

Прочитајте и:  „Би-Би-Си е срамота“, вели Џон Тери откако Роналдо беше наречен „Промашијано Пеналдо“
- Реклама -