Арсен Венгер вели дека ’Топџиите’ имаат финансиска моќ за ангажман на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед.
Се говори дека репрезентативецот на Англија е ’гневен и збунет’ од третманот што го добива на Олд Трафорд, па најверојатно ќе замине од Манчестер Јунајтед во летниот трансфер период.
Челзи во вторникот доставил формална понуда за услугите на Вејн Руни но ’Црвените Ѓаволи’ експресно го одбиле предлогот.
Се говори дека и Арсенал внимателно ја следи ситуацијата на напаѓачот, ’Топџиите’ наскоро би можеле да достават понуда за играчот.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не сакаше да говори премногу на оваа тема, но потврди дека тие можат да си ја дозволат платата на Руни.
„Минатото лето тоа ни се случи нам (продажбата на Ван Перси), и истото би можело да им се случи и на нив” – рече Венгер.
„Руни е под договор, има уште две години, па Јунајтед е тој што ќе донесе одлука. Но ние нема да имаме проблем со платата на Руни”.
Французинот исто така потврди дека Арсенал има опција прв да го ангажира Сеск Фабрегас, но вели дека репрезентативецот на Шпанија ќе остане уште една година во Барса.
„Сеск има донесено одлука за останување во Барселона и во следните 12 месеци” – продолжи Венгер.
„Освен доколку тој се предомислил, не знам…. мене ми беше кажано дека тој останува”.
„Точно е дека имаме опција први да го ангажираме, па секако дека ќе бидеме на штрек, но во моментов нема ништо”.
Во последните неколку дена, Сеск Фабрегас силно се поврзува со трансфер на Олд Трафорд, медиумите пренесуваат дека Манчестер Јунајтед доставил понуда вредна 30 милиони евра.
Се говори дека извршниот директор на ’Црвените Ѓаволи’, Ед Вудворд ја напуштил турнејата на Далечниот Исток и се вратил во Европа со цел да го договори трансферот на Шпанецот.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал