Возењето велосипед во градска средина е всушност многу штетно

Медиумите водат константа кампања за да ве охрабрат да користите велосипед за превоз секогаш кога тоа е возможно. Бројните добивки се неспорни, но по сé изгледа дека истите тие забораваат да ви кажат нешто многу важно.

Да, користењето на велосипеди во градските средини е добро за намалување на загадувањето на воздухот, но е и тоа како лошо за здравјето на самите велосипедисти. Токму ова го потврдува и истражувањето објавено во весникот The Australian.

Возењето на велосипед во градовите со многу сообраќај и сообраќаен застој може да им донесе многу повеќе штета на срцето и белите дробови, отколку корист. Се разбира, тоа се должи на вдишувањето на загадениот воздух, како што потврдуваат научниците од колеџот Тринити во Даблин. На сличен ризик се изложени и пешаците, но велосипедистите се изложени на поголем напор, па со тоа и вдишуваат повеќе „воздух“ т.е. издувни гасови и испарувачки штетни материи од кочниците и автомобилските гуми.

Bicyclists using bike lane along L St. NW - Washington, DC

Истиот заклучок е конкретизиран и во британското истражување од 2011-тата, спроведено на универзитетот во Лондон – имено, се покажа дека велосипедистите имале дури 2.3 пати повеќе присутни честици на смог во белите дробови од пешаците кои се движеле во истите области.

Експертите препорачуваат возење со заштитни маски, бирање на рути со помалку сообраќај и избегнување на возила кои работат на дизел гориво.

- Реклама -